| | |

Фестивал на костенот се одржа во Македонски Брод

Сподели на:

Викендов по осумнаесетти пат во Македонски Брод се одржа традиционалниот Фестивал на костенот, есенска манифестација која е посветена на промовирање на автохтониот поречки костен, кој е симбол на регионот. Сношти посетителите на фестивалот се забавуваа со Addicted bend и Мартинијан Кириловски и 2Night bend.

Денешниот ден започна со отворање на изложбата „Златен костен“ во .Домот на култура. Потоа се продолжи со богато дефиле низ градот. Во 11:00 часот на градскиот плоштад градоначалникот Жарко Ристески го отвори фестивалот и испрати порака за заедништво, за напредок на градот и зачувување и продолжување на традицијата. Денешната програма на Фестивалот на костенот беше збогатена со сплет од игри и песни изведени од културно уметнички друштва и музичката група КАЛЕ.

Погледнете дел од фотографиите oд фестивалот кои се објавени на страната на Општина Македонски Брод.

Фотографии:

Сподели на:

Слични Написи