Цитати посветени на жените

„Заљубената жена не може да биде разумна. Ако е разумна, веројатно не е заљубена”. – Мае Вест.
„Мажот не може да ја изневерува жената онолку многу, колку што жената може да се преправа дека му е верна”. – Казанова
„Јас сметам дека мојот ден е изгубен, ако барем една жена не ми се насмее тој ден”. – Казанова
„Жените не се создадени за да бидат разбрани, туку да бидат сакани“. – Дороти Паркер
„Големото прашање на кое никогаш не е одговорено и на кое ни јас не успеав да одговорам, и покрај моето триесетгодишно истражување на женската душа, гласи: Што сака жената?“ – Сигмунд Фројд.
„Жената е како вреќичка чај – никогаш не знаеш колку е силна, се додека не заврши во врела вода“ – Еленор Рузвелт.
„Ако жените не постоеја, сите пари во светот ќе изгубеа секаква смисла.” – Аристотел Оназис.
„Кога жената се смее, паричникот плаче“. – Непознат автор.
„Кога мажот е во присуство на една жена еден час, му личи дека станува збор за минути. Ако го ставите да седне на жешка печка една минута, ќе мисли дека се часови. Тоа е релативноста”. – Алберт Ајнштајн.
„Твојата жена ти вели – Оди по ѓаволите! Ти одиш, а таа те дочекува и таму“ – Данте Алигиери.
Видео:
