Крушево е подготвено за одбележување на 44-от роденден на Тоше

Сподели на:

„Ангел си ти“ – под тоа име оваа сабота на 25-ти јануари ќе се одржи традиционалниот настан во чест на нашата голема музичка ѕвезда Тоше Проески. Организаторите од „Спомен куќата на Тодор Проески“ најавуваат голем број на различни активности кои ќе се организираат во спомен на Тоше. Започнува во 9 часот кога Општинската организација на Црвениот крст од Крушево го има закажано почетокот на крводарителската акција, која ќе трае до 16:00 часот.

Тоше Проески се родил точно во 11:15 минути, затоа тогаш е закажано полагањето на свежо цвеќе на неговиот гроб. Во 12:00 часот во Спомен куќата ќе стане распеано и разиграно, затоа што ќе биде исто како што беше и во животот на Тоше, музиката ќе го има има главниот збор. Најавено се настапи на повеќе музички имиња како: Нела Манческа, Дорис Димовска, прилепскиот бенд „Lock Down“, а ќе има и гости од Бугарија Вокална формација „Оренда“ и Вокален состав „Графити“.

Сподели на:

Слични Написи