|

Повторно почнуваат многу високи температури

Сподели на:

Во Македонија повторно започнуваат денови кога ќе биде многу жешко. Причината е влијанието на многу топла воздушна маса која доаѓа од југ, или поточно од Африка. Според предвидувањата се очекува температурите да се движат од 32 до 40 степени. Се очекува високите температури да се задржат до петок (15 август 2025 година). Заради поголема заштита на здравјето и избегнување на несакани последици се препорачува граѓаните да пијат повеќе вода и други течности, но и ако немаат итна потреба да не излегуваат надвор помеѓу 11:00 и 17:00 часот.

Сподели на:

Слични Написи