20 мудри совети за лидерите

Секој човек сака да биде лидер, но секој не е роден за да биде “роден лидер“.
Следуваат 20 мудри совети наменети за сите кои сега се лидери или сакаат да станат лидери.
- Најдобрите лидери не се секогаш оние кои ги прават најдобрите нешта, туку тие што ги поттикнуваат луѓето да прават одлични работи.
- Одлично да ги познавате другите е сила, одлично да се познавате себеси е вистинска моќ.
- Да ги познавате другите е интелигенција, да се познавате себеси е мудрост.
- Во центарот на вашето битие го имате одговорот. Вие знаете кои сте и што сакате.
- Кога ќе се ослободам од она што сум, ќе станам она што можам да бидам.
- Просечниот учител раскажува, добриот објаснува, супериорниот демонстрира, а одличниот, инспирира.
- Лидерите мораат да бидат доволно близу за да се поврзат со другите, но и доволно далеку за да можат да ги мотивираат.
- Да се биде на одговорна функција понекогаш значи и да нервираш други луѓе.
- Стравовите чувајте ги за себе , храброста споделете ја со другите.
- Не им кажувајте на луѓето како да работат, кажете им што да работат и оставете ги да ве изненадат со резултатите.

11. Во животот го добиваме само она што имаме храброст да го побараме.
12. Лидерство е вештина со која што терате некој да направи нешто што вие сакате затоа што тој/таа сакаат.
13. Лидерството не се титулите, позициите и графиконите. Лидерство е кога еден живот има влијание на друг.
14. Ако го поминувате животот да бидете добри во сѐ, никогаш нема да бидете одлични во ништо.
15. Некој што не може самиот да се контролира, не може да биде лидер на други.
16. Ако навистина сакате да успеете , започнете со тоа што ќе правите нешто што другите не прават.
17. Секој може да го држи кормилото додека морето е мирно.
18. Без храброст нема да имате приказна.
19. Лидерство е акција, не позиција.
20. Кога орлите молчат, папагалите почнуваат да дрдорат.
