К-15 финале – најбрзо продаден настан во Македонија
Легендарното трио К-15 во состав: Миле Паника, Тошо Малерот и Љупчо Бубо Каров (Цацко), со години беа најомилените телевизиски ликови на Македонците, а и ден денес нивните скечеви со задоволство се спомнуваат од повозрасната, но и од младата генерација.
Годинава на 16-ти мај К-15 најавија свое враќање на сцената по повод одбележувањето на 30 годишнината од своето постоење. Настанот ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“, но за рекордно брзо време сите билети се распродадоа, уште од месец декември 2024 година, односно цели 6 месеци пред настанот, што е уште еден доказ за огромниот интерес.
К-15 имаат снимено и голем број на свои песни, а една од најпознатите е „Градинарот“. Токму за оваа песна се изработи новата верзија која можете да ја погледнете во продолжение:
Следи и оригиналната верзија:
