Птица која може да тежи и до 63 кг. и многу опасна. Која е таа птица?

Многу големи нокти со канџи на секоја нога. Тоа е една од најголемите птици во светот и има висина речиси иста како просечен човек. Сјајни црни пердуви и поглед кој ќе ве „замрзне од страв“. Оди на две нозе и живее во тропските шуми на Нова Гвинеја (Западна Нова Гвинеја и Папуа Нова Гвинеја), на островите Серам и Ару и во североисточна Австралија. Накратко тоа е описот за казуарите. Австралискиот казуар, е трет по височина и втор по тежина од сите птици, а помал е само од ему и ној. Касуарите не можат да летаат, но затоа може да трчаат брзо. Многумина ги нарекуваат „најопасната птица на светот“. Најмногу се хранат со овошје, но сепак се сештојади. Сакаат да јадат фиданки и семе од трева, габи, безрбетници и мали рбетници. Овој вид на животни внимателно се однесуваат со луѓето, но ако бидат испровоцирани, без многу двоумење ги напаѓаат луѓето и дури може да им нанесат и смртни последици.
Научниците кои ги проучуваат истакнуваат дека сепак овие птици не напаѓаат без причина, туку напаѓаат само доколку човекот им даде повод. Еве неколку совети за тоа како треба да реагирате ако наидете на овие животни и истовремено да не бидете нападнати:
Првото нешто што треба да го направите е да ги ставите рацете зад грб. Не викајте, не мавтајте со рацете. Бидете многу досадни со своето однесување, само да не им го привлечете вниманието, односно не правете ништо за да им станете интересни. Ако имате храна во раката, ставете ја во џеб или скријте ја зад себе, затоа што не смее да ја види храната, оти може да тргне по неа. Не ни помислувајте да почнете да викате или да бегате во спротивен правец, затоа што посекако е побрза од вас и ќе ве стигне за брзо време.
