Mудри мисли за книгата
„Не морате да запалите книги за да уништите една култура. Само натерајте ги луѓето да престанат да ги читаат и сте ја постигнале целта.“ – Реј Бредбури.
„Најдоброто кино на светот е мозокот, тоа ќе го сфатите штом ќе прочитате добра книга.“ – Ридли Скот.
„Читаме за да дознаеме дека не сме сами.“ – К.С. Луис.
„Дозволете ни да читаме и дозволете ни да танцуваме: – две забави кои никогаш нема да му наштетат на светот.“ – Франсоа Волтер.

„Веројатно не постојат денови во детството во кои сме живееле толку исполнето како деновите поминати со омилената книга“ – Марсел Пруст.
„За да станеш паметен треба да прочиташ само десет книги – но за да ги најдеш тие десет треба да прочиташ илјадници.“ – Непознат автор.
„Книгите се бродови кои поминуваат низ широките мориња на времето.“ – Френсис Бекон.
„Потпри се на книгите. Тие знаат да молчат кога е потребно и да зборуваат откривајќи го пред тебе целиот свет, кога тоа е потребно.“ – Непознат автор.
