Денот почнува со насмевка

Џентлмени:
Две женски разговараат и едната ѝ вели на другата:
– Е, тоа е другарке моја, денеска веќе нема џентлмени!
Тоа го слушна Димче кој одеше покрај нив па им рече:
– Не е точно! Јас вчера и го држев чадорот на жена мѝ додека ја менуваше гумата на колата!

Прашање на денот:
– Зошто женски фудбал има помалку отколку машки фудбал?
– Затоа што е многу тешко да убедиш 11 жени да се облечат исто.

Патување:
Жена ми преку една агенција замина на патување во Африка. По некоe време ми се јавија од агенцијата:
– Господине мораме да ве известиме дека жена ви падна во езерото кај крокодилите.
А, јас само им реков:
– Што ме интересира тоа мене? Крокодилите не се мои! Како сакате така спасувајте ги!

Ловџија:
– Душо, каде си?
– На лов.
– Ами, кој дише таму толку тешко и гласно?
– Една мечка.
– А зошто стенка така?
– Оти ја повредив.
– А зошто гласот ѝ е женски?
– Претеруваш сега! Од каде јас да знам? Јас сум ловџија, не сум ветеринар!

Кој ќе има повеќе среќа?
Оди Марија кај една гатачка и ја прашува:
– Моментално имам двајца дечковци Бале и Тале. Ај те молам кажи ми, кој од нив двајца ќе има повеќе среќа и ќе ме земе за жена?
– Тале ќе има повеќе среќа, оти Бале ќе те земе за жена.

Мажот ќе испие една ракија, две ракии, три ракии, па ќе се заборави….
Жената ќе испие една ракија, две ракии, три ракии, па кога ќе се сети…Е тогаш ќе биде што ќе биде:))
