1,2,3…Смеј се сега ти!
Виц број 1:
Се сретнуваат две жени на улица и едната на другата ѝ вели:
– Леле, ама си ослабела! Која е тајната?!
– Компири, кромид, пиперки, домати, краставици…
– И само тоа јадеш цело време? Не јадеш месо и леб?
– Ма, какво јадење, со месеци само тоа садев и копав!
Виц број 2:
Една убава плавуша влегува во студио за тетовирање и ја кажува својата желба:
– Сакам да ми истетовираш порака на задникот.
– Во ред госпоѓо! Што сакате да пишува?
– Влезот е од другата страна.
Виц број 3:
Првиот ден Сашка му кажува на Сашо:
– Срце мое, одам во теретана.
– Добро мила.
Вториот ден пак му кажува:
– Срце мое, одам на аеробик.
– Добро мила.
Третиот ден пак истото:
– Срце мое, одам на јавање.
– Знам мила, коњот веќе три пати се јави!
