Почнете го денот со насмевка
Виц број 1:
Еден муштерија заминал во продавница за да си купи леб. Кога стигнал го прашал продавачот:
– Колку е цената на лебот?
– 50 денари.-одговорил продавачот.
– Многу е скап! Како е тоа можно?
– Сега ќе ви објаснам: 10 денари одат кај Владата. 10 денари одат кај Претседателот. 10 денари одат во Министерство за економија. 10 денари одат во УЈП. И последните 10 денари се за лебот.
– Ајдееее…Тоа е, што ќе правиш:(( Еве 50 денари, дај ми еден леб.
Продавачот ги зел 50-те денари и му вратил 10 денари.
Муштеријата се зачудил:
– Зошто ми враќаш 10 денари, сега ми кажа дека 50 денари е лебот?
– Па, нема леб! Се продаде! Ти задржав за другите, а за мене и за продавницава не ти задржувам и затоа ти враќам кусур.
Виц број 2:
Кога жена ти ќе ти рече: „Молам…?“ Тоа не го вели зошто не те слушнала добро, туку само ти дава шанса, за да се поправиш во она што си го кажал претходно.
Виц број 3:
– Жено, дали ние сега имаме доволно пари?
– Немаме.
– Како немаме! Вчера целата моја плата ти ја дадов!
– Така е! Сега јас имам пари, ама ние немаме.
