КРОС-КАНТРИ ВЕЛОСИПЕДСКА ТРКА КРУШЕВО 2025

Сподели на:

Се ближи денот кога по 4-ти пат во Крушево ќе се одржи трката во планински велосипедизам. Годинава 15 јуни е денот кога вљубениците во велосипедските патеки заеднички ќе се дружат, забавуваат, но и ќе се натпреваруваат низ крушевските велосипедски патеки.

Патеката е кружна во должина од околу 3.7 км и се возат онолку кругови согласно категориите на возачи опишани во документот – пропозиции.

Доколку сте заинтересирани за учество можете да се пријавите на следниот линк:
https://www.oxygen.mk/…/registracija-za-kros-kantri…

Во организација на велосипедскиот клуб Оксижен и велосипедската федерација на Македонија на трката може да учествуваат сите лиценцирани возачи како и сите хоби возачи, рекреативци љубители на природата.

Основни информации:

  • УЧЕСТВОТО Е БЕСПЛАТНО !
  • Задолжително кацига и исправен велосипед.
  • Изјава за согласност.
  • Пожелно присуство до 9 часот за подигнување на бројките
  • Патеката е кружна околу 3.7км и погодна  и за рекреативци

За сите прашања можете да испратите е-маил порака на: info@oxygen.com.mk

Сподели на:

Слични Написи