Вила Флора – избор кој ја прави разликата
Сместена во пазувите на Бушава Планина, во градот на некогашната Крушевска Република, Вила Флора располага со парно греење, бесплатен WiFi, LCD ТВ и купатило во секоја од собите. Апартманите се опремени со простор за релаксирање, седење и одмор и кабловска телевизија. Посетителите имаат можност да ја користат и терасата и да уживаат во прекрасната глетка кон највисокиот град на Балканот. Направете добар избор, посетете го Крушево и дознајте зошто ова место е омилената туристичка дестинација.
Вклучено во цена:
🅿Паркинг
🚽Тоалет
🖥️Кабловска телевизија
🛜Безжичен интернет
Дополнителни информации:
Вила Флора на располагање нуди 3 апартмани. Апартманите бр.1 и бр.2 се двособни, а апартманот бр.3 е трособен. Вилата се наоѓа на мала оддалеченост (3-4 мин. пешачење) од главните атракции на градот како што се жичарницата и центарот.
Вкупен капацитет за сместување: 12 лица (по 4 лица во секој апартман).
Дознајте повеќе:
Интернет страница: https://vilaflora.mk/
Facebook: https://www.facebook.com/vilaflorakrusevo?ref=embed_page
Цена:
Цената е променлива и се однесува за изнајмување на еден апартман.
Контакт информации: 076/833-088
076 / 333 – 040 (Нико)
E-mail: n.odjakli@gmail.com
Локација: Ул. Коча Миленку бр. 61, Крушево
Фотографии:
































