Велигденски базар Велес 2025

Сподели на:

Деновиве во Велес се одржува традиционалниот Велигденски базар. И годинава овој базар е одлична можност за велешките ракотворци да го прикажат својот одличен талент и со своите изработки да ги разубават Велигденските празници и во градот да внесат убав празничен дух.

Посетителите во „Младинскиот парк“ можат да посетат 20-тина штандови на кои се изложени креациите создадени од најразлични материјали. Вештите раце на велешаните создаваат прекрасни рачни изработки, па заради таа причина секоја година сѐ поголем е бројот на посетители кои го посетуваат базарот.

На убаво уредените штандови може за секого да се најде по нешто. На пример има изработки од конец и волна, гипс, монисто, миризливи свеќи и уште многу други креации кои докажуваат дека човековата креативност нема граници. Велигденскиот базар започна на 12 април, а ќе трае до 17 април за кога се планира во „Младинскиот парк“ своите велигденски рачни изработки да ги изложат и велешките ученици.

Видео репортажа:

Сподели на:

Слични Написи