„Д Бест оф Битола“ незаборавна музичка вечер во градот под Пелистер
Битола синоќа уште еднаш докажа зошто важи за градот со најкарактеристичен урбан дух и неповторлива публика. Во преубавиот амбиент на Пациото на НУ Завод и Музеј Битола, се одржа долгоочекуваниот настан „Д Бест оф Битола“, кој ги спои емоциите, традицијата и модерната енергија под една заедничка идеја: Битола за Битола. Присутните уживаа во музичкото патување…
