Светлина, сенки и верба: Божиќна приказна раскажана од децата во Крушево
Во пресрет на големиот христијански празник Божиќ, во автентичниот амбиент на храмот „Св. Никола“ во Крушево се одржа несекојдневен културен настан. Учениците од основното училиште „Никола Карев“, под менторство на наставничките Надица Нане и Елена Тана, ја изведоа претставата со сенки посветена на раѓањето на Исус Христос. Преку специфичната техника на светлина и сенки, младите…
