Репортажа за најмладите крушевски одбојкари

Одбојката е групен спорт и потекнува од САД. Прв пат е измислена во 1897 година. Вилијам Г. Морган (1870-1942), роден во државата Њујорк, останал запишан во историјата како создавач на одбојката. Одбојката на почетокот се ширела низ САД во универзитетите за да во 1900 година се појави и во Канада, со што Канада станала првата странска земја во која почнало да се игра одбојка. Потоа, почнува да се шири на сите страни на светот: Филипини, Кина, Бурма (Мјанмар), Индија, Јапонија, Мексико, Европа и во Африка.

Интересно е да се спомене дека во Азија одбојката долго време се играла со 16 играчи во поле со цел да се зголеми бројот на учесници. Во Америка, веќе во 1916. година, овој спорт го играле 200 000 луѓе како на универзитетите, така и во училиштата. Играле и мажи и жени. Во 1918 година, правилата биле сменети. Бројот на играчи во еден тим бил ограничен на шест и било договорено дека дозволениот број на одбивање на топката е три пати.
Денес одбојката е многу популарен спорт низ целиот свет. Одбојка играат и мажите и жените, возрасните, но одбојка сакаат да играат и децата.

Оваа наша репортажа ја посветуваме на најмладите жители на Крушево кои веќе подолг период тренираат одбојка. Сигурно како нив низ цела Македонија има уште многу други деца кои спортуваат некој спорт и затоа се одлучивме преку видео јавно да им кажеме едно огромно БРАВО затоа што сакаат да ги заменат мобилните телефони со спорт и заедничко дружење. Искрено веруваме дека на овој начин ќе поттикнеме и многу други деца да започнат да спортуваат и вистински да уживаат во нивното детство.
Одбојкарската школа во Крушево работи во состав на одбојкарскиот клуб Синалко, а тренинзите ги раководи Ребека Јанкоска. Најголемиот дел од децата кои ги посетуваат тренинзите се на возраст од 6 до 13 години.
Погледнете ја видео репортажата на еден од нашите канали:
Инстаграм: https://www.instagram.com/reel/DKmfnH9KOpv/
Facebook: https://www.facebook.com/share/r/1C34fd525b/
YouTube:
