Прилепскиот “Весел театар by BALADA”, после успешните настапи во Битола и Охрид, со настапи во Велес и Скопје

Весел театар – Прилеп е познат детски бренд, благодарение на своите квалитет и креативност, годишно има над 150 настапи низ цела Македонија (театарски сали, центри за култура, градинки, трговски центри и молови, корпоративни забави…). “Весел театар” не е само обичен театар, тоа е театарски тим во кој се вклучени: професионални костимографи, 4 педагошки лица кои работат при изработка на сценариото на претставите, а песните за детските музички претстави се снимаат во професионално музичко студио.
Зад музичката обработка на театарските песни стои докажан музички тим: Гоце Балада и Рубин Димкоски од групата МЕМОРИЈА, докажан тандем кој во последниве години во етер има пуштено над 120 детски музички песни за фестивали, мјузикли за деца и театарски претстави. Прилепскиот „Весел театар by BALADA”, после успешните театарски настапи во Битола и Охрид, ова лето и со два нови настапи во Велес и Скопје, и тоа со две одлични театарски претстави за деца. Исто така да не заборавиме, на 3 август повторно гостуваат пред туристите од целиот свет на охридскиот плоштад „Вангел Наумоски” во Охрид.

