Одбери го својот пат: Гимназија за академски врвови, Угостителство за светски искуства!

Сподели на:

Средното општинско училиште „Наум Наумовски-Борче“ од Крушево веќе ги отвори своите врати за да им посака добредојде на идните средношколци кои ќе се одлучат своето образование да го продолжат во ова реномирано училиште. Во рамките на средното општинско училиште во Крушево учениците можат да изберат помеѓу гимназиско образование и угостителско-туристичка насока. Ова средно училиште постои повеќе од 60 години, располага со многу квалитетен професорски кадар и технички е одлично опремено. Голема е бројката на луѓе кои денес се успешни во најразлини професии, а средното образование го завршиле во Крушево. Советот на Општина Крушево едногласно одлучи оваа година секој ученик кој ќе се запише во прва година во средното општинско училиште „Наум Наумовски- Борче“ во Крушево секој месец да добива финансиска помош од 3.000 денари која би траела 9 месеци, односно во текот на учебната година.

Министерството за образование објави дека првото електронско пријавување за упис во средно образование во учебната 2025-2026 година ќе биде од 14 до 17 јуни, а второто на 30 јуни. Конечните ранг листи по двете пријавувања, училиштата ќе ги објават на 2 јули. Како и во изминатите учебни години и годинава за пријавување учениците ќе треба да достават и хартиени документи до училиштата, а МОН вели дека се прават напори од следната учебна година процесот целосно да се дигитализира.

За да се запознаете подобро со крушевското средно училиште и можностите кои ги нуди Ви препорачуваме, да изберете еден од нашите видео канали и да го погледнете следново промотивно видео:

Facebook: https://www.facebook.com/share/r/1CDRXEWgFb/

Instagram: https://www.instagram.com/reel/DKsPi2TOV-P/?utm_source=ig_web_copy_link&igsh=MzRlODBiNWFlZA==

Rumble видео канал:

https://rumble.com/v6uj6oz-414080675.html

YouTube видео канал:

https://rumble.com/v6uj6oz-414080675.html
Сподели на:

Слични Написи