| |

Потеклото на името Пелагонија

Сподели на:

Пелагонија, тоа е најголемата котлина во Македонија. Нејзиното име не е само географска ознака, туку е и археолошки наод и историски печат кој датира историски години наназад. Откријте како оваа плодна котлина го добила своето моќно и прастаро име ПЕЛАГОНИЈА.

🏛️ Пелагонија го добила своето име од античкото племе Пелагонци

Најсигурната и научно прифатена теорија е дека името Пелагонија потекнува од античкото македонско племе Пелагонци (Пелагонес) кое по обичаи и начин на живеење е многу слично со најстарото балканско племе Пелазгите. Во Хомеровата „Илијада“ се споменува митскиот епонимен (основачки) херој Пелагон, кој бил син на речниот бог Аксиј (Вардар) и принцезата Перибоја, ќерка на Акесамен, митскиот крал на македонската област Пиерија. Самиот корен на зборот Пелаг, се среќава и во други клучни топоними во блискиот регион, што сугерира на заедничка античка јазична основа. На пример се претпоставува дека од тука е добиено името на врвот Пелистер кој доминира над Пелагонија. Исто потекло има и името на античката македонска престолнина Пела, но и полуостровот Пелопонез.

Се смета дека постоел голем антички град со име Пелагонија , кој бил престолнина на Пелагонското Кралство. Името Пелагонија е многу повеќе од збор, и е поврзано со нашата традиција и е дел од македонската историја.

Сподели на:

Слични Написи