|

„Нема друга Македонија“ и уште 13 други македонски народни песни се дел од новиот музички караван „Македонијо во срце те носиме“

Сподели на:

Под Самоиловите тврдини, во срцето на древниот Охрид, на 26 август 2025 година, одекнаа звуците на убавата македонска песна во нов аранжман како дел од музичкиот проект „Македонијо во срце те носиме“. Познатиот хит на легендарниот Војо Стојановски „Нема друга Македонија“, сега го пеат сите најпознати македонски музичари кои се дел од овој музички караван. Музиката за новата верзија од „Нема друга Македонија“ е на Милан Завков, текстот на Томислав Которчевиќ, а новата аранжманска обработка на маестро Николче Мицевски.

Скендеровски продукција се носители на овој убав музички проект чија главна цел е со преработки на народни и подзаборавени песни, да нѐ потсети на корените, на вредностите што нѐ држат исправени и горди.

Како дел од „Македонијо во срце те носиме“ публиката има можност да ужива во нови верзии на македонските песни: „Не кажувај либе добра ноќ” (Огнен Здравковски), „Како пиреј” (Ламбе Алабаковски), „Се собрале комитите” (Миле Кузмановски), „Како што е таа чаша” (Спасен Силјаноски) „Ја излези стара мајко”(Марија Спасовска), „По друм одам мајче“ (Мина Блажев), „Горда Македонка“ (Зуица Лазова), „Запејте сите ангели“ (Бојана Скендеровски), „Нека живеј Македонија (Сузана Спасовска) „Мајко силна“ (Александар Тарабунов) „Каде сте Македончиња (Андријана Јаневска) и Ако умрам ил загинам“ (Наум Петрески). Минатата недела во етерот беше пуштена и „Роде мој“ уште едно музичко дело во кое учествуваа сите учесници.

Сподели на:

Слични Написи