„Крцкаво тесто и добра музика – Подгответе се за Штипската пастрмалијада

Сподели на:

 

Во Источна Македонија, градот под Исарот, се подготвува за уште еден незаборавен настан! Овој викенд, Штип ќе биде центарот на Македонија. Ако го барате најинтересното место за посета, тогаш не барајте повеќе – Штип е најдоброто ваше решение!

Во сабота на 20 септември, Штип ќе пулсира во ритамот на една од најпознатите и најомилени манифестации во регионот – „Штипска Пастрмалијада“. Градскиот плоштад и улиците ќе се претворат во сцена на одлична музика, мирис на свежо печена пастрмалија и позитивна енергија. Ова е повеќе од фестивал на храна; тоа е прослава на традицијата, дружењето и гостопримството што го карактеризира овој град.

20 Септември е денот кога на иста сцена ќе ги слушнеме најголемите хитови на Владо Јанески, Елена Ристеска и Дино Мерлин. Додека уживате во врвните хитови, ќе имате можност да го вкусите автентичниот штипски специјалитет – пастрмајлијата, подготвена по таен рецепт од рацете на најдобрите локални мајстори. Крцкаво тесто, сочно месо и неодолива арома – ова е искуство што не се пропушта!

Но, Штип е многу повеќе од Пастрмалијада!

Искористете го викендот да го истражите градот кој лежи на двете страни на реката Брегалница, затоа што Штип има што да понуди:

  • Тврдината Исар: Искачете се на ридот над градот и истражете ги остатоците од средновековната тврдина. Погледот од врвот кон Штип и околината е едноставно спектакуларен, особено при зајдисонце.
  • Ново Село: Вратете се назад во времето со прошетка низ ова прекрасно македонско место, познато по својата староградска архитектура и кое е една од најстарите населби на градот Штип. Низ селото тече Брегалница, најдолгата лева притока на Вардар со 225 километри.
  • Завод и Музеј – Штип: Откријте го богатото археолошко и етнолошко наследство на целиот источен регион.
  • Уметничка Галерија „Безистен“: Се претпоставува дека безистенот бил изграден во 16-17 век. Во минатото безистенот служел како главна чаршија каде што се продавале разни видови платна, и затоа денес и го носи името безистен, што означува пазар под покрив или покриен пазар. Денес штипскиот безистен е претворен во уметничка галерија.
  • Цркви и Манастири: Во градот Штип и во неговата околина евидентирани се повеќе од 300 цркви. Гордост на градот е црквата Свети Никола, која е седиште на Брегалничката Епархија. Голем дел од црквите се постари од 3 – 4 векови. Според староста, посебно се истакнува црквата Свети Јован Крстител што датира од 1350-тата година.

Зошто да дојдете во Штип токму следната недела?

Затоа што ќе го доживеете градот во неговото најубаво издание. Ќе ја почувствувате енергијата на илјадници насмеани лица, ќе уживате во врвна музика под отворено небо и ќе создадете спомени со вкусот на најдобрата пастрмајлија.

Не чекајте! Организирајте се со пријателите, резервирајте го вашето сместување и бидете дел од најголемата забава во Источна Македонија. Штип ве чека со отворени раце и топло срце!

Пронајдете и резервирајте ваше сместување на сите дестинации низ светот преку нашите партнери Booking на овој линк.

Сподели на:

Слични Написи