Богата програма на „Културно-спортско лето Кривогаштани 2026“: Од спортски турнири до Фестивалот на пиперката и Бела ноќ

Општина Кривогаштани ова лето подготвува вистинска забава за сите генерации. Во рамките на „Културно-спортско лето Кривогаштани 2026“, од 14 до 30 август жителите и сите посетители ќе имаат можност да уживаат во богата програма исполнета со спортски возбудувања, театарски претстави, концерти и традиционални настани.
Летната програма веќе започна со традиционалниот Турнир во мал фудбал, кој ќе се одвива од 14 до 28 август, каде спортските ентузијасти и локалните екипи ги одмеруваат силите во динамични натпревари.
Програма по денови:
- 14 – 28 август: Турнир во мал фудбал
- 23 август (недела): Концерт на отворено „Врбјанска Чука“
- 26 август (среда): Театар на отворено – претстава „Девојките на Марко“
- 27 август (четврток): Меморијален турнир во кошарка
- 28 август (петок): Големо финале на Турнирот во мал фудбал
- 29 август (сабота): Традиционален „Фестивал на пиперката“
- 30 август (недела): „Бела ноќ“ – спектакуларна забава за крај на летото
Организаторите ги покануваат сите жители на Кривогаштани, околните населени места и целиот регион да бидат дел од овие настани и заедно да уживаат во летото исполнето со спортски дух, култура и забава.
