|

🎵 Продолжување на традицијата: Вечерва во Лешок започнува „Лешочки фолк-фест 2026“!

Сподели на:

Утре, 27 август, во 20 часот, во манастирскиот комплекс „Св. Атанасиј и Пресвета Богородица“ во село Лешок ќе се одржи „Лешочки фолк-фест 2026“, еден од фестивалите посветени на негувањето и зачувувањето на македонската фолклорна и музичка традиција.

На фестивалската сцена и оваа година ќе настапат повеќе познати имиња од македонската естрада, меѓу кои Душко Георгиевски, Сузана Спасовска, Дарко Билбиловски и Ванчо Тарабунов, како и голем број други македонски музичари.

Публиката ќе има можност да ужива во 20 нови композиции, кои премиерно ќе бидат изведени на фестивалот, носејќи нови мелодии, рефрени и свеж звук, но истовремено потпирајќи се на богатото музичко наследство.

„Лешочки фолк-фест“ низ годините прерасна во препознатлив настан кој ги обединува љубителите на македонската народна музика и ја продолжува традицијата на создавање и промовирање нови фолк композиции.

Фестивалот ќе се одржи во прекрасниот амбиент на манастирскиот комплекс во Лешок, а организаторите ги повикуваат љубителите на македонската музика да бидат дел од фестивалската вечер.

Сподели на:

Слични Написи