Крушево во белo. Започнуваат „Бели ноќи“ во Градскиот парк (14–15 август)

Две ноќи. Една боја. Сите во бело! На 14 и 15 август, Градскиот парк во Крушево ќе биде епицентар на одлична музика, позитивна енергија и незаборавна летна забава под отворено небо.
Ова лето настанот „Бели ноќи“ носи богата музичка програма и посебни правила за облекување – сите посетители се поканети да дојдат облечени во бело и да бидат дел од единствената бела визија.
Музичка програма
- Петок (14.08):
- Invictus Band
- Dj Tammy
- Сабота (15.08):
- BENI & NON-STOP
- Dj Hugo
Важна информација за посетителите: За сите што доаѓаат од околните населени места, обезбеден е организиран превоз со „Ѓоко Транс“.
Настанот е поддржан од Општина Крушево, Manifest Bar, Old School Krusevo, Vinum Wine Club и Скопско.
Подгответе ја вашата бела комбинација и се гледаме во Градскиот парк во Крушево!
