Три вицови за поубав ден

Сподели на:

Виц број 1:

– Кога си роден?

– На 14-ти февруари.

– Аааа, така значи, љубовџија си ти!

– А ти кога си родена?

– На 2-ри февруари.

– Аааааа…

Виц број 2:

– Директоре, во понеделник малку ќе се задоцнам за на работа.

– Кога планираш да дојдеш?

– Во среда.

Виц број 3:

Група туристи посетија место за одгледување на крокодили. Сопственикот додека им објаснуваше им даде понуда:

– Ако некој од вас е толку храбар сега да скокне во водата кај крокодилите, да исплива до брегот и да преживее, од мене ќе добие награда од 10 000 евра.
Никој од туристите не мрда. Наеднаш, еден човек од групата скокна во водата и веднаш почна очајно брзо да плива. Крокодилите почнаа да го бркаат во водата, но тој некако успеа да им избега и стигна до брегот. Кога ја видоа таа храброст на човекот целата група почна да аплаудира, а сопственикот кој имаше ветено награда извика: „Имаме победник!!!“

Храбриот маж појде и си ја зеде наградата. Кога заврши турата, мажот заедно со жена му се вратија во хотелот. Менаџерот на хотелот веќе разбрал за храброста на гостинот и веднаш му честиташе на освоената награда.

Мажот победник му одговори:

– Ма каква храброст, јас не скокнав намерно, некој ме турна одпозади!

Кога го слушна тоа, жена му се насмеа мистериозно и рече:

– Јас бев!


Заклучок: Зад секој успешен маж стои жена која го турка напред!!!

Сподели на:

Слични Написи

  • Како спијат мажите?

    Од 0 до 2 години – со приказни и бајки.Од 2 до 10 години – со фантазија.Од 11 до 20 години – со музика.Од 21 до 30 години – со жена. Од 31 до 40 години – пак со жена, но туѓа.Од 41 до 50 – со секоја жена.Од 51 до 60– со електрична перница.Од 61…

  • Три вицови за поубав ден

    Виц број 1: Зима е. Студено е и темно. Пијан рибар стигна до мразот и направи дупка во мразот. Ја пушти јадицата и почна да чека. По некое време се слушна далечен глас „Еј, овде нема риби!“ Рибарот не реагираше и продолжи да чека да се фати нешто на јадица. Помина некое време и повторно…

  • |

    Денот почнува со насмевка

    Џентлмени: Две женски разговараат и едната ѝ вели на другата:– Е, тоа е другарке моја, денеска веќе нема џентлмени!Тоа го слушна Димче кој одеше покрај нив па им рече:– Не е точно! Јас вчера и го држев чадорот на жена мѝ додека ја менуваше гумата на колата! Прашање на денот: – Зошто женски фудбал има…

  • Среќен брак

    Блажо и Наташа низ цела Македонија беа познати по тоа што беа многу години во брак и никогаш се немаа скарано помеѓу себе.Дојде денот за славење на 50 годишнината од нивниот брак. Екипа од националната телевизија разбра дека тие се брачен пар без ниту една кавга во бракот, и затоа сакаа да снимат прилог со…

  • |

    Насмевка за убав ден

    Потврда Влегува Диме во ординација и од вратата вели: – Докторе, ми треба потврда дека не можам да работам. Докторот го прашува: „А што ти фали?“ – Па, таа потврда. – му одговара Перица. Библиотека Влегува полицаец во библиотека, а штом го виде библиотекарката веднаш му рече: – Почна да врне надвор, нели? Плачка Мажот…

  • Хумор за сечиј вкус

    Дедо и баба заминуваат од хотелот. Рецепционерот им вели: Треба да платите 80.000 денари.Дедо се изненади од високата цена и рече: – Еј, чекај, ние не сакаме да го купиме хотелот! Тука бевме само 5 дена. Од каде ги најдовте овие 80.000?Рецепционерот: -Што е со тениското игралиште?Дедото: – Но, ние не го користевме.Рецепционерот: – Убаво…