Музика, греено вино и насмевки: Празнична прошетка низ денешните настани

Како што се наближува Новата година, така се зголемува и празничното расположение кај граѓаните. Од многуте настани кои ќе се одвиваат денес речиси во секое поголемо населено место низ Македонија, издвоивме само еден мал дел, а вие без оглед што и да се одлучите за да посетите, нема да згрешите. Важно е да излезете од дома и да бидете дел од овие празнични настани за празничната магија да стане уште поголема.
Вечерва во Битола ќе пеат групата Фонтана, Ламбе Алабаковски и Б52 бенд.

Во Крушево продолжува „Празничниот шепот“ со диџеј Снешко, детска новогодишна работилница, а вечерниот термин е резервиран за музика и Акустик бенд од Тетово.
Прилепчани вечерните часови ќе ги поминат пеејќи ги хитовите на групата Љубојна.
Во Кривогаштани со почеток во 11:00 часот ќе започне детска театарска претстава.


🏠 Планираш престој во Крушево?
Погледнете ги најдостапните апартмани, вили и хотели во Крушево по најниски цени. 👉 Види ги сите понуди во Крушево
*Резервацијата е преку Booking.com
