|

Литија во чест на Св. Климент Охридски

Сподели на:

Благочестиви христијани, на 10.08.2025 година (недела) во 17:00 часот во храмот „Свети Никола“ – Крушево, ќе се отслужи Вечерна богослужба во спомен на патронот на нашата Македонска Православна Црква – ОА, Свети Климент Охридски.

После Вечерната богослужба, со неговите мошти и моштите од другите светители, ќе се одржи свечена Литија по улиците на градот Крушево.

Ова е покана до сите благочестиви христијани, да се поклониме на моштите на нашиот патрон и заштитник на целиот наш Македонски народ, светиот Климент Охридски!

На Литијата ќе чиноначалствува Епископот дремвитски г. Давид во сослужение на Митрополитот крушевски и демирхисарски г. Јован.

Литијата ќе започне од храмот „Свети Никола“ и ќе се одвива по главната улица на Крушево, а ќе заврши со повторно враќање при храмот “Св. Никола”.

Сподели на:

Слични Написи