Три одлични илинденски понуди на Хотел Монтана

Сподели на:

Крушево за Илинден не е само дестинација, туку е место кое целосно ќе го плени вашето срце. Крушево е најубаво затоа што го има и Хотелот Монтана кој е вистински симбол на градот на убавината и херојското минато.

Зошто вреди да го посетите хотелот Монтана?

  • Удобно сместување: Препуштете се на комфорот на елегантно уреденитe соби и апартмани, со прекрасен поглед кон градот или кон вековната шума.
  • Традиционална трпеза: Започнете го денот со богат појадок со локални специјалитети, а навечер уживајте во вечера инспирирана од автентичната крушевска кујна.
  • Релаксација и одмор: По денот исполнет со активности, опуштете се во базенот или едноставно уживајте во природата дишејќи чист планински воздух.
  • Совршена локација: Хотел Монтана е идеална почетна точка за посета на сите историски знаменитости, вклучувајќи го споменикот „Македониум“, музеите, Мечкин Камен и сите други прекрасни места за посета во околината на Крушево.

Три празнични илинденски понуди кои не смеете да ги пропуштите!

Прва понуда:

Лето во Крушево – плати 2, добиј 3 ноќи во Монтана. Понудата важи од 23 јули до 01 август 2025 година.

Втора понуда:

Го празнуваме Илинден во Крушево со нашиот Миле Кузмановски со целовечерен настап во Монтана на 2-ри Август со почеток во 20:00 часот.

Трета понуда:

Азиската масажа се заснова на верувањето дека телото е составено од енергетски патишта, или меридијани, со кои може да се манипулира за да се промовира заздравувањето и релаксацијата. Може да помогне да се намали стресот, да се подобри циркулацијата, да се ублажи мускулната тензија и анксиозноста. Закажете азиска масажа во Хотел Монтана, 70 минутен третман за 2100 денари.

Искористете ги празничните понуди на Хотел Монтана.

Сподели на:

Слични Написи