На 4-ти јуни Прилеп повторно ќе биде градот на детската песна. Ќе запеат „Веселите Ѕвончиња“

Сподели на:

Најмладите прилепчани со нетрпение очекуваат да дојде среда на 4-ти јуни за да одат и да го гледаат најновото издание на Детскиот музички фестивал „Весели Ѕвончиња by Јана“. Ова е седма година на која ќе се одржи овој фестивал кој веќе прераснува и во вистински симбол на градот Прилеп.

Фестивалот ќе се одржи во големата сала во НУЦК „Марко Цепенков“, а за учениците од училиштата и градинките фестивалски претстави ќе има од 10:00, 11:00 и 12:10 часот. За секоj детски посетител следува подарок од спонзорите “Ладна вода” и Витаминка.

Главната вечерна фестивалска претстава е закажана за 19:30 часот. Како и секоја година, така и оваа ќе биде разиграно, распеано и весело!

Организаторите Ви порачуваат: „Дојдете заедно да ги слушнеме најновите детски хитови и да се дружиме со урнебесните кловнови и маскотата од Веселото Ѕвонче!

Резервирајте го вашиот билет на време на телефон: 078 / 66 77 97.

ИНФОРМАЦИЈА.МК како промотор и поддржувач на најубавите настани е медиумски покровител на најновото 7-мо издание на Веселите Ѕвончиња.

Web: www.informacija.mk

Instagram: https://www.instagram.com/informacija.mk/

Facebook: https://www.facebook.com/profile.php?id=61572570052416

YouTube: https://www.youtube.com/channel/UCSyEyaTMPrUmaLUbeH377JQ

Сподели на:

Слични Написи