|

Репортажа за Паралија – најпосетуваната плажа на Македонците кои летуваат покрај бреговите на Егејското Море

Сподели на:

Грција секоја година бележи зголемување на бројот на туристи кои летуваат во оваа земја. Заради таа причина се зголемуваат и приходите од туристите. Најмногу пари во Грција трошат туристите од Русија, Германија, Италија, САД…Во оваа листа на најголеми посетители на Грција без сомнение сме и ние Македонците, а заедно со нас се и Србите и Бугарите.

Паралија на грчки значи „плажа“, а токму убавата песочна плажа е причината зошто многу туристи сакаат да одат на ова место. Плажата е долга 3 км и се простира до најблиското друго туристичко место Олимпик Бич.

Паралија е сместена во подножјето на планината Олимп, а на оддалеченост од само 4 км се наоѓа градот Катерини, а 72 км е оддалечен Солун. Ова место ги привлекува посетителите и заради прифатливите цени кои се нудат во многубројните локални продавници каде најчесто се продаваат разни сувенири, облека, накит, кожа, крзно и голем број на други производи. Заради разноврсната понуда, ова туристичко место им е привлечно на луѓето од сите генерации и затоа е чест избор за одмор на семејствата со деца.

Видео репортажа:

Сподели на:

Слични Написи