Oстровот Паг во Хрватска – идеална летна дестинација

Сподели на:

Островот Паг во Хрватска е познат и како „Остров на камењата“ и „Остров на Месечината“. Го нарекуваат со овие имиња затоа што на островот има посебен пејсаж и разни форми на карпи кои се чини дека не се од оваа планета.

Какo oстрови се сметаат површини поголеми од 1 км2, островчиња се местата со помала површина од 1 км2, но поголема од 0,01 км2, а најмалите се карпи и гребени. Вкупно од сите овие категории во Хрватска бројот на острови, островчиња, карпи и гребени е 1244. Од нив 78 се острови, 524 островчиња, 642 карпи и гребени.

Паг е петти по големина од сите 78 острови во Хрватска, а брегот е долг 302 километри. Тој е еден од најсончевите острови на Јадранот, а го посетуваат многу туристи од целиот свет.

Најомилена плажа на младите им е плажата Зрче која е долга песочна плажа. Таа се наоѓа во близина на градот Новаља и е познато летно туристичко место за добри журки и забави за кои специјално доаѓаат многу млади од целиот свет. Оваа плажа е позната како место каде забавата никогаш не престанува.

Фотографии од забави на плажата Зрче:

Како да стигнете до островот Паг?

До островот Паг можете да стигнете на два начина.

Првиот е преку мостот кој го поврзува островот Паг со копното и е долг повеќе од 300 метри, а го поврзува јужниот дел од островот со Далмација, односно со поблиските големи градови: Задар, Шибеник и Сплит. Вториот начин за да се стигне до островот е преку траектната линија.

За овој остров Ви подготвивме и видео разгледница која Ви препорачуваме да ја погледнете и не заборавајте да се претплатите на нашиот YouTube канал за секогаш да бидете во тек со најновите видеа од најубавите туристички дестинации.

Сподели на:

Слични Написи