|

Во Крушево е како дома – Вила Ла Мунте

Сподели на:

Резервирајте го вашето парче рај денес! Вила „Ла Мунте“ Ви нуди незаборавен одмор во центарот на Крушево. Мирното соседство е уште една гаранција дека ќе можете да доживеете вистински моменти на релаксација. „Ла Мунте“ располага со 7 соби, од кои 6 се спални соби со дополнителни кревети во собите, а една соба е двокреветна. Површината на собите се движи од 20 до 35 м2. Вилата има заедничка просторија за дневен престој кој гостите може да го користат за меѓусебно дружење.

Вклучено во цена:

🚿Купатило

🚽Тоалет

🖥️Кабловска телевизија

🛜Безжичен Wi-Fi интернет

👩‍🍳Мини кујна

🔥Греење

Дополнителни информации:

Сите соби се комплетно опремени со посебни тоалети, плакари, фрижидери, телевизори и мини чајна кујна со електричен бокал, електрично ѓезве. Вилата е во центарот на Крушево и нема паркинг простор, но на растојание од само 20-тина метри се наоѓа Градскиот паркин каде има слободни паркинг места. Постелнините и крпите се менуваат редовно. Вила „Ла Мунте“ е одлично место за престој на сите гости, а посебно внимание им посветува и на вљубениците во велосипедизмот за кои има обезбедено посебен простор за складирање на велосипедите. Во вилата не е дозволен престој на домашни миленици.

Пристигнување (Check in): 14:00 часот
Заминување (Check out): 10:00 часот

Цена:

Цената е по договор.

Контакт информации: 076/833-088

075 / 352 – 887

E-mail: info@informacija.mk

Facebook: https://www.facebook.com/vokrusevoakakodoma

Локација: Ул. Мише Ефтим бб, Крушево

Фотографии

Сподели на:

Слични Написи