🌟 ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО: Прв саем „Крушево отворени денови – Krushevo Open Days“

Здружението за афирмација на културата, екологијата и руралниот туризам „КУЛТУРЕН МАНИФЕСТ“ од Крушево со задоволство го најавува првото издание на Саемот за туризам, креативни индустрии и гастрономија:
🍀 „Крушево отворени денови – Krushevo Open Days“ 🍀
- 📅 Датум: 18 – 19 јули 2026 година
- 📍 Локација: Градски парк – Крушево
Ги покануваме сите заинтересирани бизниси, занаетчии, уметници и организации да бидат дел од овој уникатен настан кој нуди одлична можност за промоција и вмрежување.
👥 Кој има право на учество?
- 🏨 Сместувачки капацитети: Хотели, мотели, хостели, апартмани и вили.
- 🍽️ Угостителски објекти: Ресторани, кафеани, пицерии и барови.
- 🎨 Креативни индустрии:
- Модни колекции, додатоци и уникатен накит;
- Креативен текстил и рачно изработени производи;
- Керамика, стакло и уметнички инсталации;
- Иновативни апликации, софтверски решенија и дигитални платформи;
- Издаваштво (саемски презентации на книги, стрипови и друго).
- 🍯 Гастрономија:
- Традиционални специјалитети со заштитено потекло;
- Специјални масла, сосови и иновативни вкусови;
- Пекарски, слаткарски и пчелни производи (мед);
- Алтернативна и здрава храна;
- Алкохолни и безалкохолни пијалаци;
- Одржливи пакувања и гастро-сетови.
- 🏛️ Институции и НВО: Услужни институции од областа на туризмот и културата, како и невладини организации.
📌 Информации за пријавување:
Повикот е отворен за сите заинтересирани кои сакаат да ги презентираат своите производи и услуги пред бројната публика.
- 🗓️ Рок за пријавување: од 29.06.2026 до 10.07.2026 година.
- ✨ Бидете дел од настанот што ги обединува туризмот, традицијата, креативноста и гастрономијата во срцето на преубавото Крушево! Ве очекуваме!
