Креативност на дело: Младите демирхисарци изработија уникатни плетени играчки за претстојниот Велигденски базар
Со многу трпение, насмевки и позитивна енергија, деновиве успешно се реализираше креативната работилница за изработка на плетени играчки и приврзоци. Настанот беше организиран од страна на Општинската организација на Црвениот крст од Демир Хисар, со цел поттикнување на креативниот дух кај младите во заедницата. Специјален гостин и ментор на работилницата беше младиот уметник Викторија Пецевска…
