Најубавите божиќни честитки: Испратете љубов и топлина на вашите најблиски

Божиќ е време кога срцата се полнат со надеж, домовите со мирис на бадникарски гранчиња, а телефоните со пораки од оние кои ни значат. Честопати сакаме да кажеме многу, но ни недостасуваат вистинските зборови за да ја опишеме магијата на празникот.
Без разлика дали барате нешто традиционално, модерно или емотивно, подготвивме листа на најубавите божиќни честитки кои ќе ги израдуваат вашите пријатели и семејство.
Најголемиот подарок за овој Божиќ не е под елката, туку во моето срце – а тоа си ти. Среќни празници!
Светла ѕвезда патот нека ви го води, денес е Божиќ – Христос се роди!
Божиќ не е само датум, тоа е чувство. Ти благодарам што си дел од мојата празнична магија. Ти посакувам година полна со насмевки.
Вербата, надежта и љубовта нека бидат нашите ѕвезди водилки во овој чудесен, божиќен ден. Милоста божја нека ве облее, нека душата ви се искапе во празнична светлина. Честит Божиќ.
Љубов, среќа, здравје… Тоа се моите желби за тебе. Топлина во срцето нека ти сјае, нека ти е среќен Божиќ и годината што следи убава да е.
⛷️ Време е за скијање во Маврово!
Најдете топли и удобни апартмани и хотели веднаш до ски-патеките. 🏨 Види понуди во Маврово
Дозволете Бог да се всели во вашето срце, љубовта во вас да се раѓа секој ден, затоа што Божиќ станува видлив во секоја љубов помеѓу луѓето. Христос се роди!
Нека овој Божиќ ги избрише сите грижи, а ја зајакне нашата блискост. Ти посакувам мир во душата и радост во очите.
На денешниот ден опрости им на твоите должници, подари им бакнеж на твоите ближни, помогни им на тажните. А на полноќ погледни кон небото и ќе видиш ѕвезда што оди тогаш тивко речи ХРИСТОС СЕ РОДИ!
Нека сребрените зраци од божиќното утро го осветлат вашиот подарок составен од здравје, среќа, мир и љубов. Христос се роди!
Додека последниов бадников ден догорува, слушни го Господ што ти зборува, следи го патот на срцето што те води, Среќен Божиќ – Христос се роди.
Денешниот празник нека ви биде радосен. Божиќ мир во домот да ви донесе, среќата секогаш да ве следи, а ангелот на среќата низ животот да ве води. Мир божји – Христос се роди!
Кога последната свеќа на бадник догорува слушај го срцето што ти зборува, нека радост и среќа во животот те води, среќен Божиќ – ХРИСТОС СЕ РОДИ!
Божиќ доаѓа, ни се приближува Бог. Нека ве грее огнот на среќата, постојано во куќата да ви цвета радост, нека светиот крст во животот ве води, Христос се роди!
Секоја минута среќна да ти биде, секоја желба реалност да стане. За празниците нека те следи среќа, од оваа поубава желба за тебе немам. Среќен Божиќ – Христос се роди!
На тивката божиќна ноќ, нека во вашето срце се всели радост, љубов и надеж. Бидете здрави, силни и полни со среќа. Среќен Божиќ!
Денешниот блажен ден нека ви биде радосен! Божиќ вратата да ви ја злати, секогаш среќа нека ве прати. Ангел срцето кон љубов нека го води, мир божји, Христос се роди.
Нека тишината на овој свет ден ви донесе мир во надежта, радост во животот и љубов за оние со кои живеете! Од срце ви посакувам мирни денови. Христос се роди!
