Македонија денес игра против Франција

Сподели на:

Денес македонската ракометна репрезентација ќе игра против големиот фаворит за освојување на светското злато, селекцијата на Франција. Францизите веќе се сигурни на првата позиција во групата, но тоа во никој случај не значи дека без борба ќе влезат во вечерашниот дуел или дека нема да сакаат да прокнижат уште една победа на нивна сметка. Како и да е, вечерва ни претстои голем возбудлив ракометен натпревар, а сите ние веќе сме спремни да навиваме за нашите репрезентативци. Дуелот Македонија-Франција ќе можете директно да го проследите и на телевизиските екрани со почеток во 20:30 часот.

Сподели на:

Слични Написи