Како изгледале во живо Александар Македонски, Сократ, Бетовен…
Во свет каде научните откритија често остануваат заклучени во академските кругови, еден човек од Јемен го менува начинот на кој ја разбираме и доживуваме науката. Хашем Ал-Гаили, молекуларен биолог и успешен научен комуникатор, стана глобален феномен благодарение на неговата способност да ги претвори сложените научни концепти во визуелно волшебни приказни, честопати со помош на вештачка интелигенција ВИ (artificial intelligence – АI).
Ал-Гаили е најпознат по неговата популарна Фејсбук страница https://www.facebook.com/ScienceNaturePage
Оваа страница стана светски популарна затоа што користи различни алатки на вештачката интелигенција за генерирање слики и анимации. Врз основа на бисти, скулптури и слики, овој научник со помош на ВИ покажа како навистина изгледале некои познати историски личности. Иако, вештачката интелигенција не е секогаш точна, сепак конечниот резултат е најблиску до тоа како тие навистина изгледале во нивниот реален живот.
Со користење на ВИ за да ги „оживее“ сликите, тој не само што ја прави науката подостапна, туку и ја поттикнува љубопитноста и истражувањето за тоа како може да изгледа нашата иднина. Во време кога визуелната содржина доминира, Хашем Ал-Гаили е пример за тоа како технологијата, комбинирана со научната прецизност, може да инспирира и едуцира милиони луѓе ширум светот.
Во продолжение можете да го погледнете видеото каде ќе ги погледнете „живите“ ликови на Александар Македонски, Сократ, Наполеон, Никола Тесла, Бетовен…
