|

Фестивал на костенот ќе се одржи во Македонски Брод

Сподели на:

Македонски Брод се подготвува за почетокот на традиционалната манифестација „Фестивал на Костенот“ 2025, која ќе се одржи на 21 и 22 ноември 2025 година на Градскиот плоштад во Македонски Брод!

Поканети сте и Вие за да го прославиме симболот на Поречието – надалеку познатиот поречки костен.

Првата вечер е наречена – Ноќ на костенот, а предвидена е богата забавно музичка програма за сите возрасти, а за вашето добро расположение ќе се погрижат и Addicted band, Мартинијан Кириловски и 2Nights band.

Во вториот ден од манифестацијата ќе настапат културно уметнички друштва и музичката група Кале од Македонски Брод.

Ова е добра можност за да ја почувствувате есенската атмосфера, да вкусите од богатството на поречката еколошки чиста храна и да поминете незаборавен викенд.

Сподели на:

Слични Написи