Битола и ова лето живее во духот на културата и музиката

Сподели на:

Деновиве во Битола многу убаво се живее. Широк Сокак е исполнет до последно место, а речиси на секое ќоше низ градот преку целиот ден се одржува по некој културен настан. Еден од настаните кои го привлекоа нашето внимание беше завршниот концерт на „Етно Македонија“ 2025 во рамки на 55. Илинденски денови.

Во градот под Пелистер заврши едно од највпечатливите изданија на музичкиот камп „Етно Македонија“, со концерт што ја потврди моќта на фолклорот кој треба да ги поврзува народите од целиот свет.

Дваесет млади музичари од 11 земји, 10 дена работеа и твореа заедно во Битола. Под менторство на Ангел Спироски и Андријана Такиќ, тие го споија традиционалното и современото, локалното и интернационалното, и покажаа дека етно музиката има иднина, кога ќе ѝ се даде можност да зборува со светот. Завршниот концерт се одржа на платото пред Офицерскиот дом во рамки на фестивалот „Илинденски денови“ и предизвика многу убаво чувство кај многубројната публика.

Фестивалот „Илинденски денови“ продолжува до 31 јули, а вечерва е еден од најубавите настани, а тоа е Големото дефиле по Широк Сокак кое ќе започне во 18:30 часот.

“Илинденски денови” е еден од најголемите фестивали кај нас со над 70 настани и 1 300 учесници, со програма што обединува концерти, улични перформанси, изложби, семинари и интернационални фолклорни групи од сите страни на светот.

Повеќе за програмата можете да дознаете на: https://www.facebook.com/ilindenskidenovi

Сподели на:

Слични Написи