| |

БИТОЛА ЈА ВРАТИ ЧАЛГИЈАТА ВО СРЦЕТО НА СТАРАТА БИТОЛСКА ЧАРШИЈА

Сподели на:

Со музика, традиција и прекрасна енергија која ја исполни Старата битолска чаршија, заврши првото издание на „Битолски чалгиски денови“ – фестивал посветен на чалгијата, организиран од ЈОУ Културно – информативен центар – Битола, во рамките на Битолското културно лето – БИТ ФЕСТ, во соработка со Општина Битола.Два дена Битола живееше во ритамот на чалгијата, а Старата битолска чаршија повторно заживеа на најубав начин – исполнета со музика, луѓе, светлина и препознатливиот дух на стара Битола.Фестивалот покажа дека кога традицијата ќе се врати на улиците и во просторите каде што некогаш живеела, чаршијата повторно го добива својот препознатлив печат на градот.

Од првите фестивалски звуци со „Чапче и Тајфата“, преку Филип Шурбевски Езгија Квартет, „Мерак Чалгии“, со Димитар Андоновски и Бојан Стојков, па се до настапот на „Љубојна“ и Битолскиот Чалгиски Оркестар, чаршијата стана сцена на која традицијата и современиот музички израз создадоа прекрасна атмосфера.Фестивалот започна со едукативниот семинар „Канон – Чалгиска музика“, под менторство на Филип Михајловски, а вториот фестивалски ден донесе и пајтонско дефиле по Широк Сокак, со што чалгиската приказна се прошири низ срцето на градот.Фотографиите од фестивалските вечери најдобро ја раскажуваат приказната – за една чаршија која повторно е полна со живот, за град кој знае да ја зачува својата традиција и за Битола која блеска во својата најубава светлина.„Битолски чалгиски денови“ покажаа дека традицијата не е само спомен од минатото – таа може повторно да живее, да се слуша и да го исполнува градот.

Сподели на:

Слични Написи