Свечено одбележување на Националниот ден на Власите: Богата културно-уметничка програма со врвни изведувачи!

По повод Националниот ден на Власите – 23 Мај, годинава со особена чест и гордост се поканува пошироката јавност на централната манифестација со која ќе се одбележат 121 година од признавањето на Власите како посебен народ.
Оваа сабота, Македонскиот народен театар (МНТ) во Скопје ќе биде центарот каде заедно ќе ги прославиме влашката традиција, култура и богата историја.
Детали за настанот:
- Локација: Македонски Народен Театар (МНТ) – Скопје
- Датум: 23 мај 2026 (сабота)
- Прием на гости: 11:30 часот
- Почеток на манифестацијата: 12:00 часот
Традиција, емоции и незаборавна атмосфера: Еве кој ќе настапи!
Овогодинешното одбележување ќе биде збогатено со настапи на истакнати уметници и музички групи и хорови кои ќе се погрижат за прекрасна атмосфера исполнета со традиционални и модерни ноти. Пред публиката во МНТ ќе настапат:
- Хор „Злата Мегленска“
- Ребека Јанкоска
- Леона Јанкоска
- Александар Тарабунов
- Група „Парифањ“
- Марија Костова-Дода
- Јана Ѓорѓиева
- Група Грамостеањ
🎤 Подгответе се за прекрасен настан исполнет со многу емоции, традиционална музика и убава атмосфера.
Да ја одбележиме заедно традицијата, културата и историјата. Се гледаме на 23 мај во Македонскиот Народен Театар во Скопје! 🇲🇰




