Бугарија и Дара со „Бангаранга“ се качија на евровизискиот трон!

Шоуто во Виена донесе вистински спектакл, драматично гласање и победник кој ја остави цела Европа без зборови.Европа има нов музички владетел! Во исклучително силна конкуренција и со гласање кое до самиот крај ги држеше во неизвесност милионите гледачи пред малите екрани, Бугарија го освои првото место на Евровизија 2026. Фантастичната Дара со својата моќна изведба на песната „Бангаранга“ направи вистинско изненадување на сцената во Виена. Нејзиниот моќен глас, неверојатната сценска енергија и заразната кореографија беа добитната комбинација што ги освои срцата и на стручното жири, но пред сè на публиката ширум светот.

„Ова е победа за сите нас, за мојот тим и за сите кои веруваа во оваа песна! Виена, ти благодарам!“ – изјави возбудената Дара веднаш по преземањето на престижниот трофеј.
Победата значи дека нашите соседи следната година ќе бидат домаќини на Евровизија, а „Бангаранга“ веќе е на пат да стане еден од најголемите радиски и дигитални хитови во Европа за оваа година.
Во продолжение, кликнете на линкот и погледнете го ремек-делото на Дара со кое Бугарија се искачи на врвот на Европа:
