Светлина, сенки и верба: Божиќна приказна раскажана од децата во Крушево

Во пресрет на големиот христијански празник Божиќ, во автентичниот амбиент на храмот „Св. Никола“ во Крушево се одржа несекојдневен културен настан. Учениците од основното училиште „Никола Карев“, под менторство на наставничките Надица Нане и Елена Тана, ја изведоа претставата со сенки посветена на раѓањето на Исус Христос.

Преку специфичната техника на светлина и сенки, младите ученици на креативен начин ја оживеаја библиската приказна. Атмосферата во храмот беше исполнета со топлина и духовност, а секоја сцена испрати силна порака за:
- Љубов кон ближните;
- Надеж за подобро утре;
- Мир меѓу луѓето.
🏠 Планираш престој во Крушево?
Погледнете ги најдостапните апартмани, вили и хотели во Крушево по најниски цени. 👉 Види ги сите понуди во Крушево
*Резервацијата е преку Booking.com

Претставата „Светлината на Божиќ – Lunjina di Cãrciun” зрачеше со посебна енергија, потсетувајќи нè на вистинските вредности – смиреноста и духовниот мир. Овој креативен проект е вистински пример како училиштето и заедницата можат заедно да создадат убави настани кои долго ќе се паметат.







