Волшебна ноќ: Успешно реализиран Новогодишниот концерт „Виена во Битола“

Битола ја започна празничната сезона на најволшебен начин. Сношти во Центарот за култура во Битола се одржа спектакуларниот Новогодишен концерт, насловен „Виена во Битола“.
Видео: https://www.facebook.com/share/v/1ARRxGzjGr/
Салата беше претесна за да ги прими сите вљубеници во класичната музика, а за големиот интерес сведочи податокот дека сношти беа изведени 2 концерти. Концертите беа целосно распродадени, поминаа со громогласни овации, а освен битолчани настанот го следеа и многумина од околните градови. На овој начин Битолскиот оркестар Diva jа донесе автентичната празнична атмосфера во градот под Пелистер.

Посебен сјај на концерот му дадоа и сопранистката Јелена Јовановиќ која специјално за овој настан дојде од Србија и една од најперспективните оперски изведувачки од регионот.

Одличен настап имаше и Тамара Ангеловска, дипломиран оперски пејач и магистер по актерско мајсторство, а публиката се воодушеви и од сопранот Марија Наумовска Бакревски.

Видео: https://www.facebook.com/share/v/19k2Lfz89P/
https://www.facebook.com/share/v/16mu3hpYsA/
🏛️ Посети ја Битола – Градот на Конзулите!
Најдете одличен престој на Широк Сокак или мирно сместување под Пелистер. 🏨 Види понуди во Битола
