Ставре Јада со најдобар резултат во Санта Катерина, сигурно чекори кон третата Олимпијада

Денеска, на 29 ноември 2025 година, во италијанскиот центар Санта Катерина се одржа трка 10 км слободен стил. Од вкупно 55 натпреварувачи Јада е на 33 позиција со заостанување од 2:38 секунди зад првиот, што е најдобар резултат на нашиот репрезентативен во Санта Катерина, со 118 фис поени.
Во изјава за нашиот портал, македонскиот олимпиец Ставре Јада изјави „Првите пoдготовки на скии годинава ми почнаа на 5 ноември во Ливињо, Италија. Тоа е висинско место каде претежно се подготвуваат најголемиот дел од нордијците пред почеток на сезона. На 26 ноември го имав првиот старт, првата трка за оваа Олимписка сезона“.
Ставре Јада годинава се натпреваруваше и во Бесан, Франција, каде во трка 10 км, машка конкуренција освои 36 место во конкуренција од 53 натпреварувачи. Задоволен од резултатот од првата трка, освен нашиот спортист е и тренерот Пламен Неделков.

Во недела на 30 ноември ќе учествува во трка во Сент Мориц, повторно на 10 км, а ќе се натпреварува со најсилните Швајцарци. Подготовките ќе продолжат во Словенија, каде од 5 до 7 декември, зимскиот центар Планица ќе биде домакин на ФЕСА куп кој е најсилен алпски куп. Следува учество на Светскиот куп во Давос, Швајцарија со елитата во нордиското трчање, а таму македонскиот репрезентативец ќе настапи на спринт 1.6 км и 10 км. Потоа ќе следува мала пауза, со цел да се подготви за месец јануари, кој е резервиран за клучните подготовки пред Олимпијада
„Подготовките течат во најдобро светло, патот до Милано не е лесен и се надевам на далеку подобар резултат за разлика од претходните олимпијади“ – изјави Ставре Јада.
Претстојната олимпијада ќе биде 3-та последователна зимска олимпијада на која ќе учествува нашиот нордиец и со тоа Ставре Јада ќе стане првиот Крушевчанец кој настапил на три зимски Олимпијади.
