|

Нова стратегија за образованието

Сподели на:

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска денеска во Владата го претстави нацрт-текстот од новата Стратегија за образование со рок за имплементација од 2026 до 2032 година. Таа истакна дека 6 месеци се работело на овој документ, а во креирањето учествуваа претставници од Светска банка, УНИЦЕФ, УНДП, ГИЗ, Амбасадата на Швајцарија во земјава, голем број на невладини организации, претставници од ресорното министерство, Државниот просветен инспекторат, Државниот испитен центар, Центарот за средно стручно образование и Бирото за развој на образованието.

Оваа нацрт-верзија се очекува денеска да се постави и на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), со цел пошироката јавност да може да учествува во креирањето и усвојувањето на финалниот стратешки документ со кој ќе продолжи развојот на националниот образовен систем.

Министерката истакна дека посветено е внимание на модернизацијата на наставните програми, воведувањето технологија во образовниот систем, вклучително и вештачката интелигенција, квалитетот на образованието, и на процесот на поучување и на наставниците како чинители во воспитно-образовниот процес.

Повикувајќи ја јавноста да се вклучи во јавната расправа Јаневска рече „„Во пониските нивоа важна е оптимизацијата, финансирањето и едносменската настава, а во високото образование – конечно солидна регулатива што ќе овозможи подобрување на квалитетот и покачување на неколку места нагоре на нашите Универзитети на Шангајската листа“.

Сподели на:

Слични Написи