Три вицови за поубав ден

Сподели на:

Виц број 1:

Зима е. Студено е и темно. Пијан рибар стигна до мразот и направи дупка во мразот.

Ја пушти јадицата и почна да чека.

По некое време се слушна далечен глас „Еј, овде нема риби!“ Рибарот не реагираше и продолжи да чека да се фати нешто на јадица. Помина некое време и повторно се слушна истиот глас.

– Човеку, разбери се дека овде нема риби, за џабе чекаш. Рибарот пак не реагираше. По некое време гласот повторно му го рече истото. Рибарот се изнервира и почна да вика:

„Кој си бе ти да ми кажуваш дали овде има или нема риби?“

Гласот му одговори: „Јас сум чуварот на лизгалиштето“.

Виц број 2:

Директорот на една голема фабрика и рекол на својата секретарка:

– Викни го Дејан!
Секретарката веднаш го викна и кога Дејан дојде газдата почна да го фали:

– О, Дејан! Ајде повели, влези, влези момче мое!
Значи, да ти кажам искрено, многу сум задоволен од тебе. Сè уште се сеќавам како започна како обичен работник, тогаш беше млад, плашлив, неискусен… Сепак, за многу брзо време научи сè што треба. За само еден месец откако се вработи стана надзорник. Вториот месец мајстор. И така секој месец напредуваше: главен технолог, менаџер на производство, главен сметководител, раководител на одделот „Човечки ресурси“… И сето тоа во рок од нецела една година! Затоа сега те повикав во мојата канцеларија да те известам дека стануваш заменик директор на фабриката! Тоа значи дека ќе бидеш мојата десна рака. Секоја чест! Честитки!
Дејан само ќутеше и гледаше во подот.

Шефот се насмевна:

– Па? Зошто молчиш? Што имаш да ми кажеш?
Дејан срамежливо промрморе:

– Па… фала многу… тато!

Виц број 3:

Памтам кога се оженив!
Памтам каде се оженив!
Памтам за која се оженив!
Само не памтам зошто се оженив!!!

Сподели на:

Слични Написи