Харис Џиновиќ и ладно пиво за совршена втора вечер на Пиво Фестивалот во Прилеп

Прекрасна прва вечер на Пиво Фестивал 2025!
Атмосферата беше на врвно ниво. Програмата започна со енергијата на Кристијан Демјански & Escape Band, продолжи со шармантната Наташа Малинкова, а потоа одлична забава приреди фантастичната Антониа Гиговска со својот спектакуларен настап.
Во последниот дел од вечерта сцената ја исполнија врвните музичари од Битолскиот камерен оркестар кои направија одлична забава, а на нивната музика пееја Ристо Самарџиев, Андријана Јаневска и Наде Талевска.
За оние кои и после 1 часот после полноќ сакаа да ја продолжат забавата се погрижи DJ Martin Kay.

Вечерва на вториот ден од овој пивски фестивал, се очекува во Прилеп да пристигнат уште поголем број на посетители, за да уживат во песните од големиот број на музички изведувачи кои ќе настапат во центарот на Прилеп, како и во хитовите на незаменливиот Харис Џиновиќ. Освен Харис вечерва ќе настапат и Јана Мрческа, придружена со бендот, Група Калабалак и Дамјан Стојановски. Гледајќи ги имињата на сите настапувачи очигледно е дека организаторите се погрижиле секој посетител да може да се пронајде во некој дел од музичката програма, односно ќе се слуша музика и ќе се пеат песни кои ќе ги задоволат различните вкусови. За крај со вас ќе ја споделиме информацијата за цената на пивата на годинешниот Пиво Фестивал кои во просек се продаваат по цена од 100 до 120 денари, а има штандови од неколку различни производители.
Фото галерија од првата вечер на Пиво Фестивал Прилеп 2025.
Фотографиите се преземени од официјалната Facebook страна на Пиво Фестивал, а фотограф е Славиша Цветаноски.











