Јавање на коњи во Крушево – незаборавна авантура

Сподели на:

Откријте ги скриените патеки и неверојатните пејзажи на живописниот планински град Крушево. Јавањето коњи е совршен начин да се опуштите, да се поврзете со природата и да создадете незаборавни спомени. Резервирајте ја вашата авантура денес! Идеален избор за секого без оглед дали е авантурист, искусен јавач или само сака да доживее едно ново искуство движејќи се низ прекрасната крушевска природа. Професионалците од коњичкиот клуб „Мусица“ ви нудат кратки и подолги тури, но што и да изберете сигурно ќе направите одличен избор.

Тура бр. 1 „СЛИВА“ – 2,5 часа јавање

Ако сакате да уживате во прекрасната природа и јавајќи прекрасни коњи да ја почувствувате вистинската авантура, тогаш ова е изборот кој ви препорачуваме дека треба да го направите. Турата започнува од самото Крушевско Езеро, каде се наоѓа ранчот Цезар со упатување кон историскиот локалитет ,,Слива“. Јавајќи по патеката ќе се запознаете со бачило каде ќе можете да ја дознаете постапката за производство на познатото крушевско овчо сирење, кашкавал и кисело млеко на стариот традиционален крушевски начин. Турата продолжува кон споменикот ,,Слива“ кој е од исклучително значење, не само за Крушево туку и за македонската историја. На ова место во 1903 година била една од позначајните битки за одбрана на градот Крушево и Крушевската Република. Ќе слушнете една посебна љубовна приказна поврзана со судбините на комитите кои загинале за време на оваа битка. Од овој локалитет се забележуваат и се отвораат нови хоризонти од каде се гледа 1/3 од територијата на Македонија со еден исклучителен поглед.  

Се продолжува кон Крушевската корија која е заштитник на градот. Нејзините букови дрвја стари повеќе од 500 години тивко го пренесуваат духот на востаниците од илинденскиот период и сведочат за херојството на илинденците.

По минувањето на Крушевската корија групата се враќа кон Крушевското Езеро и ранчот каде турата завршува.   

ТУРА бр. 2 „СТАНИЧ“ – 3,5 часа јавање

 Опис на турата:

На почетокот предвидена е истата рута како во првата тура, но после пристигнувањето на месноста „Слива“ јавањето продолжува кон скијачките терени ,,Станич“ каде е предвидена кратка кафе пауза со можност да се посети најголемиот адреналински парк во Македонија.

Потоа групата јавајќи на коњи се движи низ крушевската корија и се враќа кон Крушевското Езеро и ранчот „Цезар“. 

Број 3: Херојска тура Мечкин Камен – 5 часа јавање

Опис на турата:

Вклучена е истата рута на движење како во тура бр. 2, но оваа тура после посетата на скијачките терени на „Станич“ продолжува кон историскиот локалитет ,,Мечкин Камен“, местото каде се одиграла една од најголемите битки, каде војводата Питу Гули со своите востаници храбро ги положија животите за слободна Македонија. На патот кон „Мечкин Камен“ се поминува покрај светски познатото полетиште за параглајдерство и змајарство од каде секоја година полетуваат илјадници најдобри европски и светски параглајдеристи кои учествуваат во многубројните меѓународни натпреварувања кои се одржуваат во Крушево.

 По пристигнувањето на ,,Мечкин Камен“ предвиден е пикник, односно ручек со традиционални крушевски јадења ( зелник, мазник, крушевско сирење и кисело млеко).

После ручекот, за време на враќањето, групата поминува покрај хотел „Монтана“ и хотелската зона во Крушево. Многу убаво е чувството кога исто како комитите пред многу години, јавате на прекрасни коњи, се движите по тесните крушевски улици и ги гледате убавите крушевски куќи и нивната специфична и прекрасна архитектура. Турата завршува на истото место од каде што и започнува, од Крушевското Езеро и ранчот „Цезар“.   

Вклучено:

  • Обука за јавање, тренинг и совети за безбедност – 20 минути
  • Опрема за јавање – шлем

Дополнителни информации:

По претходен договор може да се организираат и пократки тури.

Агенда на планирани активности: 

(2 термини на поаѓање дневно: од 9.00 часот и 13.00 часот) 

  • 9:00/13:00 – пристигнување на Ранчот „Цезар“ (чекирање и добивање заштитна опрема) 
  • 9:30/13:30 – безбедносен брифинг и тренинг сесија за почетници. Oсновно воведување во јавањето и запознавање со техниките и основите за безбедно управување со коњ. Целта е да се добие сигурност дека секој учесник се чувствува удобно и подготвено за патувањето. 
  • 10:30/14:30 – Почеток на јавањето кон бачилото  
  • 12:00/16:00 – Пауза на бачилото (презентација на старите овчарски техники и процесите за правење овчо сирење, кашкавал, како и доближување до овчарскиот живот) 
  • Продолжување кон месноста „Слива“, „Станич“ или „Мечкин Камен“ (во зависност од турата која ќе ја изберете).
  • Пристигнување на ранчот.

Дознајте повеќе: 

Facebook: https://www.facebook.com/horse.ridingkrusevo/

Цена:

Зависи од видот на турата која ќе ја изберете и бројот на лица кои ќе учествуваат во турата.

Контакт информации:

Фотографии:

Сподели на:

Слични Написи